Новиот тренер на Тотенхем, харизматичниот Жозе Мурињо, откри дека не го бива за готвење, пренесува британски „Сан“. Португалецот, кој до неодамна беше тренер на Манчестер јунајтед, во интервју за британскиот весник вели дека знае само да испржи јајца и колбаси.
„Не ме бива многу во кујната. Затоа и престојував во хотел. Ако живеев сам во куќа, ќе морав самиот да готвам и да чистам. А не сакам да го правам тоа. Ќе морав и да пеглам, а не знам како. Сèи што знам од домаќинството е да испржам јајца и колбаси“, вели Мурињо.
Трофејниот тренер, кој има 56 години, седеше на клупата на „ѓаволите“ од 2016 до 2018 година.
Текстот Жозе Мурињо не го бива за готвење е превземен од Reporter.mk.