Зимската населба во Скопје од утре со лизгалиште и снег

Од утре почнува програмата во новогодишната населба „Винтерленд“, најави градоначалникот Шилегов. Секој ден ќе има дневна програма за деца, а навечер свирки на домашни бендови. На плоштадот од утре ќе почне да работи и лизгалиштето, а ќе биде поставен и топ за вештачки снег.

Шилегов рече дека за украсувањето на градот се потрошени 230.000 евра во кои е вклучен и огнометот, додека пак за  „Винтерленд“ околу 90.000 евра.

Година украсување е поскапо од лани, оти биле вклучени и повеќе улици.

Текстот Зимската населба во Скопје од утре со лизгалиште и снег е превземен од Reporter.mk.