Златен велосипед чини повеќе од Ферари

Лондонската компанија „Голдџини“ произведе машки тркачки велосипед покриен со 24-каратно злато. Ова е еден од најлуксузните велосипеди во светот и чини 250.000 фунти, што е поскапо од цената за некои модели на „Ферари“.

Речиси секој сантиметар од велосипедот е покриен со злато, вклучувајќи ги кормилото, синџирот и краците.