Веце шолја изработена од 18-каратно злато е украдена од палатата Бленхајм во Англија, само два дена откако беше поставена на изложба за да ја види и јавноста. Палатата од 18. век се наоѓа под заштита на УНЕСКО и е роден дом на Винстон Черчил. Златната шолја е дело на италијанскиот уметник Маурицио Кателан, а се вика „Америка“. Делото во 2017 година му беше понудено на Доналд Трамп да го посттави во Белата куќа.
Локалната полиција објави дека банда упаднала во палатата во раните утрински часови и ја однела шолјата, при што предизвикала сериозни оштетувања и поплава, бидејќи таа била поврзана на санитарната мрежа во зградата и можела да се користи. Шолјата засега не е пронајдена, но во врска со грабежот бил уапсен еден 66-годишен маж.
Инаку, посетителите на изложбата на Кателан можеа слободно да ја користат шолјата, при што тоа беше ограничено на три минути за да се избегнат редици.
„Веруваме дека група криминалци користела најмалку две возила при грабежот. Уметничкото дело засега не е пронајдено“, изјавил детективот Џес Мајлин.
Текстот Златна веце шолја е украдена од палата во Англија е превземен од Reporter.mk.