Убавината е моќ. А мажите кои, во принцип, се кукавици по природа, често се плашат од силните и убави жени.
Мажите се плашат од отфрлување и исмејување
Повеќето мажи имаат проблем со самодоверба. Затоа, кога ќе запознаат убава жена, автоматски сè се искомплицирува. Наводно не се доволно згодни, негувани и обезбедени за неа. Всушност, во повеќето случаеви се.
Мажите се плашат да бидат во центарот на вниманието
Убавите жени секогаш и секаде привлекуваат внимание: сакаат да им се восхитувате, да комуницирате со нив. Мажите се добро свесни за тоа: интересирањето кое ги прати другите се проширило и на нив. И ќе бидат постојано набљудувани, што за нив е „застрашувачки“.
Мажите се плашат да бидат во сенка на жената
По правило, убавите жени се убави и успешни. Мажите по својата природа се амбициозни и понекогаш завидни. Затоа, ретко кој е спремен мирно да остане во сенка, додека саканата блеска во зраците на славата.
Мажите се плашат дека не се доволно добри
Машката логика е следна: принцезите се мажат за принцовите. По нивното мислење, убавиците на градот се однесуваат само на успешните, богати, згодни мажи. Не им треба некоја „обична“ личност. Затоа, не сакаат ниту да се обидат.
Текстот Зошто мажите се плашат од убавите жени? е превземен од Reporter.mk.