Петок 13 се смета за несреќен ден во Европа, Северна и Јужна Америка и во Австралија. Многу луѓе откажуваат патувања, не склучуваат деловни договори и избегнуваат да прават важни работи. Има и такви што не излегуваат од дома од страв да не им се случи несреќа.
Се верува дека митот за петок 13 почнал на 13 октомври 1307 година (петок), кога францускиот крал Филип Четврти наредил да се уапсат и погубат водачот на темпларскиот ред Жак де Молеј и шеесетина негови најблиски приврзаници. Хајката по темпларите бргу се проширила низ цела Европа. Стотици припадници на христијанскиот воен ред Темплари, кој бил формиран за време на првата крстоносна војна во 1096 година, биле уапсени, мачени и погубени. Папата Клемент Петти во 1314 година го забранил темпларскиот ред, по што тој продолжил да постои тајно.
Од тој петок 13 1307 година, следбениците на темпларите го сметат тој ден како несреќен, но и како ден на ѓаволот.
Но, има повеќе верувања за тоа од каде потекнува суеверието за петок 13. Едно е дека Ева во рајот го измамила Адам со јаболкото токму во петок, дека на тој ден се случила библиската поплава, дека Бог на петок 13 ги измешал јазиците на Вавилонската кула, а и Исус Христос бил распнат в петок. За „несреќниот“ број 13 се врзува и верувањето дека тринаесет луѓе биле на Тајната вечера.
Суеверието за петок 13 или за „несреќниот број 13“, го поттикнуваат и филмска и издавачка продукција, кои промовираат филмови и книги на таа тема. Меѓу нив се и холивускиот филмски серијал „Петок 13“, книгата „Тринаестмина на вечера“ од Агата Кристи и драмата околу мисијата на всленскиот брод Аполо 13, за што е снимен и филм. Според најновите истражувања, астероидот Апофилис ќе ѝ се приближи на Земјата во петок, на 13 април 2029 година.
Текстот Зошто петок 13 се смета за несреќен ден? е превземен од Reporter.mk.