Изработката и подарувањето мартинки на најблиските е традиција која во Македонија се почитува со стотици години. Мартинките или обичајот поврзан со првиот ден на месецот март кој обединува повеќе делови од Балканот, како Македонија, Бугарија, Романија и Молдавија. На овој ден се подаруваат рачно направени амајлиии направени од црвен и бел конец.
Овие амајлии се познати под многу имиња како: мартинки (Македонија), мартеница (Бугарија), мартишор во Романија и Молдавија. За мартинките и оваа пролетна традиција се вели дека постоеле уште од антички времиња и го означуваат прославувањето на почетокот на пролетта.
Според одредени археолошки докази, самата традиција на правење мартинки се смета дека е од претхристијанско потекло и таа се состои од изработка, подарување и носење на две нишки, црвена и бела, кои се испрепрелетуваат и се проследуваат со позитивни желби од страна на оној кој ја подарува мартинката. Потоа, кога ќе се види првото расцветано дрво, ластовица или штрк, мартинката се одврзува и со желбата на оној кој ја носи, се закачува на дрво или се става под камен, со што се затвора еден циклус во природата кој се однесува на овие пролетни обредни циклуси.
Текстот Зошто подаруваме мартинки е превземен од Reporter.mk.