За некои, овие патики се класика која никогаш не излегува од мода.
Настанале на почетокот на 20 век во Америка кога биле наменети за кошаркарите, „старките“ денес се омилена врста на обувки кај многу љубители на модата.
Денес постојат безброј варијанти, од класични до високи модели со најразлични дезени, и се одличен избор особено кога сте расположени за нешто помалку гламурозно и малку повеќе ретро.
Еве зошто…
Тие се навистина суптилни
Доколку сте љубител на спортскиот стил, Конверс нуди посуптилна алтернатива. Особено потполно белата верзија делува како темел на било кој стајлинг.
Го поддржуваат трендот на 90-тите
Го сакаме Конверс затоа што нè враќа во деведесеттите, а црните модели имаат посебно винтиџ чувство. Додадете ги на морнарските пантолони и предимензионалните џемпери и креирајте тренди изглед.
Може да бидат „смарт и кежуал“
Заврзете ги цврсто или држете ги лабаво за поопуштено чувство.
Тие одат со сите модни парчиња
Од тексас до миниќ, долги фустани до паметни пантолони, белите Конверс ќе се вклопат со поголемите ствари во вашата гардероба.
Сите најслатки девојки сè уште ги носат
Од најголемите светски влијателни дами до ладните Французинки. Конверс патиките се секогаш одличен пар патики за креирање на модерен стајлинг.
Текстот Зошто повторно ги сакаме Конверс патиките е превземен од Reporter.mk.