Луѓето кои најдобро знаат како некои работи функционираат, често се шокираат ѝ се плашат од истите. Експертите за технологија знаат како телефоните работат и многумина не сакаат децата да им бидат во близина на тие направи.
Во „Силиконската долина“ сега постои консензус околу тоа кои се предностите, а кои негативностите поминати на мобилните телефони. Дали претставува образовна алатка, или ризик од зависност и пречка во развојот кај младите.
Во тек е дебата за тоа колку време поминато со телефонот е во ред.
„Да не се користи мобилниот е многу полесно, отколку да поминеш и малку време пред екранот“, вели Кристин Стечер, поранешен истраживач на социјалните мрежи, омажена за инженер од „Фејсбук“.
„Ако им го дадам за кратко на децата, тие само ќе сакаат уште повеќе време да пoминуваат со него“, вели таа.
Стечер и нејзиниот сопруг Рушаб Доши ги истражувале предностите и маните на времето поминато пред екранот и стигнале до единствен заклучок. Тие не сакаат такво нешто во својот дом.
Нивните ќерки на возраст од пет и три години немаат „буџет“ време кое можат да го минат пред екраните. Единствено кога такво нешто им е дозволено е кога долго патуваат со кола или авион.
Неодамна Стечер малку го ублажила нивниот пристап. Секој петок семејството гледа по еден филм, пренесува „Нелденик“.
Атена Чаварија, која работи како извршен асистент во „Фејсбук“, а сега е во филантропското одделение на Марк Цукенберг, вели дека е убедена дека во телефоните лежи ѓаволот кој ги уништува нашите деца.
Атена на своите деца им дозволила да користат мобилни телефони, дури кога тргнале во средно школо, а дури и сега им забранува да ги употребуваат во колите, а жестоко им го ограничува времето на употреба и по дома.
„Другите родители ме прашуваат дали се грижам што не знам каде ми се децата кога не можам да ги најдам. Јас им одговарам дека не морам да знам каде ми се децата секоја секунда“, вели Атена.
Меѓу долгогодишните лидери во технолошката индустрија, кој што гледа како направите на кои работел, влијаат на животот на неговите деца е и Крис Андерсон поранешен уредник на порталот Wired, сега извршен директор на компанијата која се занимава со роботика и дронови.
„На скалата меѓу кокаин и бомбони, поблиску е кокаинот“, изјавил тој за мобилните телефони, ајподи и таблети. „Техничарите кои работеле на овие производи, и кои ја следеле технолошката револуција се наивни“, вели Крис.
„Мислевме дека можеме тоа да го контролираме. А ова е надвор од нашата контрола. Тие удираат директно на центарот на задоволство на мозокот кој се развива. Ние како родители не можеме тоа да го разбереме.
Тој има пет деца и 12 правила кои вклучуваат: Без телефон до лето, без телефон до срено школо, без таблети, ајподи, лаптоп во спалните соби, без социјални медиуми до 13. година. За лошо однесување казната е 24 часа без пристап на интернет.
„Не знаев што правиме со нивните мозоци, се додека не ги видов симптомите и последиците од тоа“, изјавил Андерсон.
Тим Кук извршниот директор на „Епл“, изјавил претходно оваа година дека на својата внука не би ѝ дозволил да користи социјални мрежи. Бил Гејтс на своите деца им дозволил да користат мобилни, дури кога станале тинејџери. Стив Џобс не им дозволувал на своите деца да им се доближат на ајподот.
Тие кои дозволиле на своите деца пристап до екраните, сега мораат да се извлечат од зависноста, така што треба да им објаснат како технологијата функционира.
Џон Лили, поранешниот директор на „Моѕила“ вели дека се обидува на својот 13 годишен син да му објасни дека со тие направи манипулираат оние кои ја изградиле технологијата.
„Му велам дека некој напишал код поради кој тој се чувствува така како што се чувствува“, вели Лили.
Другите родители од „Силиконската долина“ велат дека постои начин времето минато пред екранот на мобилен или таблет да биде помалку токсично.
Рене Дирест, истражувач од Центарот за хумана технологија, не дозволува пасивно поминување на времето со мобилен телефон, но дозволува кратки стимулативни игри. А тука се и оние кои не се согласуваат со дијагнозата дека мобилните направи се до толку опасни.
Џејсон Тоф кој ја водел видео-платформата Vine, а сега работи за „Гугл“, му дозволува на својот тригодишен син да си игра на ајпод, за кој сметал дека не е ништо подобар ниту полош од книгата.
„Напротив. И мислам дека зборувам во име на многу родители кои од страв, кои од срам, се плашат истото тоа да го кажат“, вели Тоф. Тој вели дека како мал пораснал со телевизијата.
„Мислам дека јас испаднав сосема ок“, изјавил Тоф.
Текстот Зошто Стив Џобс и Бил Гејтс не им давале на своите деца мобилни телефони? е превземен од Reporter.mk.