Зошто упорно сме заедно со оние кои ни го кршат срцето?

Колку пати сте си ветиле себеси дека нема да наседнувате на истите грешки, но на крај повторно сте ѝ дале надеж на неуспешната романса?

Психолозите се сигурни дека нашите интерни погрешни ставови очигледно не тукраат кон неприметните партнери.

Страв од пропуштени прилики

Некои не биле доволно сакани во детството. Други во училиште биле повредувани како тинејџери. Оттаму и неможноста за адекватни процесни односи во повозрасната доба. Секоја манифестација на загриженост се доживува како „Божји дар“, на партнерите им препишуваат непостоечки доблести, а очигледните алармни сигнали хронично се занемаруваат.

Не се сакаме себеси

Дури и успешните убавици често не се сигурни во себе. Оттаму бескрајно се прашуваат „што правам погрешно“ и „не се трудам доволно во тој поглед“. Таквата мака значи дека вие самите не се сакате доволно и вашиот партнер ви го прави истото. Најразумно е да го прекинете таквиотт однос – но, тоа ќе биде можно тек кога ќе научите да се цените себеси и своите интереси.

Страв од самотија

Баналното „кој ми треба“ уништил многу женски судбини. Стравот од самотија во овој живот зазема второ место после стравот од смртта. За многумина, толку е силен што спремни се да издржат било што – само за да ја одржат врската. Проблемот е во тоа што вашиот страв од осаменост е приметен – а бескрупулозниот партнер дефинитвно ќе го искористи тоа.

Тврдоглавост

Некои од нас се многу тврдоглави и каприциозни. Затоа понекогаш и сами разбираме дека некој човек нѐ ни одговара, но тврдоглаво се држиме до него. Ова е прашање на принципот: „Ќе го скротам – во тоа е работата“. Можеби навистина ќе успеете, но најверојатно, тоа и понатаму ќе биде губиток на време и нерви.

Високи очекувања

Дури и најциничните луѓе очекуваат нов ураган на страст. Затоа, потсвеснобараме мажи кои ќе ни створат напнатост и ќе предизвикаат олуја од емоции. Нѐ чека таа „хемија“, искри и пеперутки во стомакот. А, ако тоа не се случи на првиот состанок, ја прекинуваме идната врска. Добрите скромни момци ни делуваат досадно и не се секси. Но, ако се тргнете од вообичаеното сценарио и малку го померите фокусот, ќе наидете на изненадување: со љубезниот и искрено заинтересираниот маж, тоа може да биде многу подобро отколку со некој професионален срцекршач.

Текстот Зошто упорно сме заедно со оние кои ни го кршат срцето? е превземен од Reporter.mk.