Корисни совети!
Ви се чини ли дека со доаѓањето на зимата, вашиот парфем на кожата не мириса исто како и во летниот период? Во зима, аромата навистина бргу ја губи својата сила и постојаност. Објаснуваме зошто се случува тоа и како да се носите со тоа.
Заедно со температурната разлика, нашата кожа ја губи природната влажност. Сувата кожа, за возврат, не е во ситуација да ја открие аромата (поради што кај личноста со мрсна кожа, парфемот трае подолго). За да го зајакнете мирисот, вие треба да:
Ја влажните кожата
Користете хранлива крема за тело. Во силните мразови, одлучете се за висококвалитетна крема која не само што ја омекнува кожата туку и ве штити од студ. Обратете внимание на деловите каде што нанесувате парфем: врат, деколте…
Обратете внимание на концентрацијата на парфем
Кога е ладно, нашата кожа практично не се загрева, па секоја арома во вид на тоалетна вода (т.е. со пониска концентрација) во зима станува погуста. Поради тоа, со одбирањето на парфем во зима, за почеток обратете внимание на своите омилени мириси во поконцентрирана верзија.
Научете ги основните ноти
Кога ќе бирате парфем за во зима, секако, појдете од личните преференции. Но, постојат одредени ноти кои создаваат чувство на топлина и кога е ладно може да траат многу подолго. Тоа се, на пример, зачини, дрвени акорди, ноти на пралине, чоколадо, ванила.
Текстот Зошто во зима вашиот парфем послабо мириса? е превземен од Reporter.mk.