Пловејќи низ светот како офицер на трговска морнарица, Симон Бернард имал прилика да ги види размерите на загадување на океанот со пластичен отпад, кој ги труе екосистемите и луѓето. Овој визионер сега работи на тоа да започне тригодишна експедиција под името „Plastic Odyssey“ (Пластична одисеја), што е вооедно и името на првиот брод на светот кој како погонско гориво користи отпадна пластика. Се проценува дека поради последиците од загадувањето со пластика секоја година угинуваат милион птици, 100.000 морски цицачи и желки како и огромен број риби. Преку ланецот а исхраната микроспалстиката завршува и кај луѓето.
Новиот брод ќе исплови кон крајот на 2020. Ќе минува низ најзагадените со пластика делови од океаните, и самиот ќе произведува гориво од пластиката преку процесот на пиролиза. Постројката за пиролиза вградена на бродот ќе може да генериира 30-40 литри гориво на час.
Со бродот ќе пловат истражувачи кои ќе ги проучуваат локалните култури, потребите и употребата на пластика и ќе покренува изградба на мали рециклажни погони, како и иницијативи за намалување на отпад, со крајна цел на мисијата – да се изгради свет без пластика.
Текстот Првиот брод кoј користи пластика како гориво ќе исплови во 2020. година е превземен од USB.mk.