Првиот брод кoј користи пластика како гориво ќе исплови во 2020. година

Пловејќи низ светот како офицер на трговска морнарица, Симон Бернард имал прилика да ги види размерите на загадување на океанот со пластичен отпад, кој ги труе екосистемите и луѓето.  Овој визионер сега работи на тоа да започне тригодишна експедиција под името „Plastic Odyssey“ (Пластична одисеја), што е вооедно и името на првиот брод на светот кој како погонско гориво користи отпадна пластика. Се проценува дека поради последиците од загадувањето со пластика секоја година угинуваат милион птици, 100.000 морски цицачи и желки како и огромен број риби. Преку ланецот а исхраната микроспалстиката завршува и кај луѓето.

Новиот брод ќе исплови кон крајот на 2020. Ќе минува низ најзагадените со пластика делови од океаните, и самиот ќе произведува гориво од пластиката преку процесот на пиролиза. Постројката за пиролиза вградена на бродот ќе може да генериира 30-40 литри гориво на час.

Со бродот ќе пловат истражувачи кои ќе ги проучуваат локалните култури, потребите и употребата на пластика и ќе покренува изградба на мали рециклажни погони, како и иницијативи за намалување на отпад, со крајна цел на мисијата – да се изгради свет без пластика.

Текстот Првиот брод кoј користи пластика како гориво ќе исплови во 2020. година е превземен од USB.mk.