Раперот Снуп Дог реши да издаде книга за готвење со рецепти за подготвување пилешко, лосос и слатки десерти. Оваа идеја ја доби откако неговото готвачко шоу со Марта Стјуарт доби номинација за Еми награда.
Неговата прва книга за готвење ќе биде наречена From Crook to Cook („Од криминалец до готвач“) и треба излезе во октомври годинава. Раперот ќе ги сподели своите омилени рецепти за подготвување фини и отмени оброци, како јастог во сос, но и многу поедноставни јадења, како вафли и палачинки, а спомена дека во книгата ќе го има и неговиот личен рецепт за џин и џус.
Издавачката куќа Chronicle Books ветува дека во книгата ќе се наоѓаат рецепти за задоволување на гладот во моменти кога ќе нападне кризата за пушење марихуана, омилената навика на Снуп Дог, или по пушењето марихуана. Сепак, тие уверуваат дека марихуаната не е состојка на ниту еден од рецептите.
Снуп Дог е познат како рапер со музичка кариера која почна во 1992 година. Во 2017 година тој беше дел од готвачко шоу заедно со популарната Марта Стјуарт, кое беше номинирано за Еми награда.
Текстот Снуп Дог издава книга за готвење со рецепти за пушачи на марихуана е превземен од Reporter.mk.