Српската пејачка Марија Шерифовиќ објави видео од посетата во Нов Белград во кое ја покажа својата хумана страна. Пејачката ја врати насмевката на натажено девојче, подарувајќи и 2000 динари.
Шерифовиќ и ги подари парите како надокнада за нејзините изгубени 650 динари. Претходно непознат сторител од нејзиниот ранецот ѝ го украл џепарлакот.
Видеото кое го споделила на „инстаграм“ има и коментар во кое Шерифовиќ апелира дека треба сите првенствено да бидеме луѓе.
„Колку е тажно каде живееме. Ок, разбирам дека тоа се случува на секој чекор. Но да му украдеш џепарлак на дете“, напишала Шерифовиќ.
Текстот (Видео) Шерифовиќ ја врати насмевката на ограбено девојче е превземен од Reporter.mk.