(Видео) Шерифовиќ ја врати насмевката на ограбено девојче

Српската пејачка Марија Шерифовиќ објави видео од посетата во Нов Белград во кое ја покажа својата хумана страна. Пејачката ја врати насмевката на натажено девојче, подарувајќи и 2000 динари.

Шерифовиќ и ги подари парите како надокнада за нејзините изгубени 650 динари. Претходно непознат сторител од нејзиниот ранецот ѝ го украл џепарлакот.

 

Видеото кое го споделила на „инстаграм“ има и коментар во кое Шерифовиќ апелира дека треба сите првенствено да бидеме луѓе.

„Колку е тажно каде живееме. Ок, разбирам дека тоа се случува на секој чекор. Но да му украдеш џепарлак на дете“, напишала Шерифовиќ.

Текстот (Видео) Шерифовиќ ја врати насмевката на ограбено девојче е превземен од Reporter.mk.