Гордана Деан Поп Христова, сопругата на Кили, по шест години поминати на Еквадор, ќе се врати во Скопје. Причината за ова е тоа што нејзината ќерка од првиот брак, актерката Нина Деан, во април догодина ќе стане мајка, а Гордана сака да биде покрај неа во првите недели од раѓањето на бебето.
Гордана е кореограф и професорка по современ танц, но и сопственик на едно од најуспешните танцови студија кај нас, „Ребис“. Кога пред неколку години со Кили и нивната ќерка Јоана се преселија на Еквадор, таа таму отвори балетско училиште кое работи успешно. Кили пред неколку месеци се врати во Скопје и сега е вработен во МНТ.
За потсетување, Гордана неодамна првпат стана баба – ќерката Јоана во март се омажи за своето момче Хозе Луис Сориа Родригез и брзо потоа го роди синот Аниш Круз.
Текстот Сопругата на Кили по шест години се враќа во Скопје бидејќи ќе стане баба е превземен од Reporter.mk.