Сопругата на Кили по шест години се враќа во Скопје бидејќи ќе стане баба

Гордана Деан Поп Христова, сопругата на Кили, по шест години поминати на Еквадор, ќе се врати во Скопје. Причината за ова е тоа што нејзината ќерка од првиот брак, актерката Нина Деан, во април догодина ќе стане мајка, а Гордана сака да биде покрај неа во првите недели од раѓањето на бебето.

Гордана е кореограф и професорка по современ танц, но и сопственик на едно од најуспешните танцови студија кај нас, „Ребис“. Кога пред неколку години со Кили и нивната ќерка Јоана се преселија на Еквадор, таа таму отвори балетско училиште кое работи успешно. Кили пред неколку месеци се врати во Скопје и сега е вработен во МНТ.

За потсетување, Гордана неодамна првпат стана баба – ќерката Јоана во март се омажи за своето момче Хозе Луис Сориа Родригез и брзо потоа го роди синот Аниш Круз.

Актерката Нина Деан ќе стане мајка

Текстот Сопругата на Кили по шест години се враќа во Скопје бидејќи ќе стане баба е превземен од Reporter.mk.