Поранешната плејбој зајачица, Памела Андрсон (52), тајно се омaжи за продуцентот Џон Питрес (74). Двојката се венча во понеделникот во Малибу. Ова е нејзин петти брак. Памела и Џон, кој е продуцент на филмот „Ѕвездата е родена“, имале кратка врска пред околу 35 години.
Џон, освен што е познат по работата на филмови како „Супермен“ и „Див, див запад“, е еден од првите луѓе во Холивуд што се обвинети за сексуално вознемирување. Со години бил фризер, пред да се почне да работи во филмската индустрија. Од седумдесетите години е успешен продуцент. Но, неговата кариера е обележана со скандали. Неколку познати холивудски автори, меѓу кои и писателот Нил Гејман, го нарекле „непријатен за соработка“ и „злосторник“. Неколку негови соработници го обвинувале за вознемирување и силување, а во 2011 година бил еден од првите холивутски ликови кому му било судено за злоупотреба. На некогашната асистентка морал да ѝ исплати 3,3 милиони долари отштета поради непријатност која ја доживеала на снимање на филмот „Враќањето на Супремен“.

Памела и Џон пред 35 години
„Веќе со децении, јас можам да оберам која жена ја сакам. Светот е преполн со убави девојки. Но веќе 35 години, јас ја сакам само неа“, рекол тој неодамна.
Венчавката на Памела со Питерс за многумина е изненадување, бидејќи до неодамна таа беше во врска со фудбалерот Адил Рами, заради кого се пресели во Франција. Инаку, и Питерс четири пати претходно бил во брак и има пет деца. Памела, пак, има два сина.
Текстот Памела Андерсон се омажи тајно со продуцент обвинет за сексуално вознемирување е превземен од Reporter.mk.