Памела Андерсон се омажи тајно со продуцент обвинет за сексуално вознемирување

Поранешната плејбој зајачица, Памела Андрсон (52), тајно се омaжи за продуцентот Џон Питрес (74). Двојката се венча во понеделникот во Малибу. Ова е нејзин петти брак. Памела и Џон, кој е продуцент на филмот „Ѕвездата е родена“, имале кратка врска пред околу 35 години.

Џон, освен што е познат по работата на филмови како „Супермен“ и „Див, див запад“, е еден од првите луѓе во Холивуд што се обвинети за сексуално вознемирување. Со години бил фризер, пред да се почне да работи во филмската индустрија. Од седумдесетите години е успешен продуцент. Но, неговата кариера е обележана со скандали. Неколку познати холивудски автори, меѓу кои и писателот Нил Гејман, го нарекле „непријатен за соработка“ и „злосторник“. Неколку негови соработници го обвинувале за вознемирување и силување, а во 2011 година бил еден од првите холивутски ликови кому му било судено за злоупотреба. На некогашната асистентка морал да ѝ исплати 3,3 милиони долари отштета поради непријатност која ја доживеала на снимање на филмот „Враќањето на Супремен“.

Памела и Џон пред 35 години

„Веќе со децении, јас можам да оберам која жена ја сакам. Светот е преполн со убави девојки. Но веќе 35 години, јас ја сакам само неа“, рекол тој неодамна.

Венчавката на Памела со Питерс за многумина е изненадување, бидејќи до неодамна таа беше во врска со фудбалерот Адил Рами, заради кого се пресели во Франција. Инаку, и Питерс четири пати претходно бил во брак и има пет деца. Памела, пак, има два сина.

 

Текстот Памела Андерсон се омажи тајно со продуцент обвинет за сексуално вознемирување е превземен од Reporter.mk.