Новата научна експедиција на Гринпис на Антарктикот, утврди драстично намалување на бројот на пингвините таму. Во една од колониите што биле цел на истражувањето, тоа намалување е 77 отсто во однос на 1971 година.
– Ова укажува на огромни промени во екосистемот околу Јужниот пол последниве 50 години. Тоа подразбира и промени во синџирот на исхрана, што влијае и на пингвините, изјави д-р Хедер Линч, професорка при Универзитетот Стоуни Брук во Њујорк, САД, и една од раководителите на експедицијата.
Д-р Линч смета дека на тоа влијаат повеќе фактори, но главниот се климатските промени. Со тоа се сложува и нејзиниот колега – зоологот Ноа Страјкер, кој истакна дека „нешто не чини“ во екосистемот.
– Пингвините, фоките и китовите зависат од криловите (планктони), а тие пак, зависат од мразот. Значи, ако климатските промени влијаат на мразот, тоа влијае на сè друго, вели Страјкер.
Текстот Се намалува бројот на пингвини на Антарктикот е превземен од USB.mk.