Длабоко во гранитната карпа под Менхетен тројца мажи го отвораат кафезот полн со златни плочки. Една по една ги ставаат на вага, ја запишуваат тежината и серискиот број. Потоа ги пакуваат и кутиите ги ставаат во лифт што стигнува до гаража.
Пред извесно време од катакомбата во Сојузните резерви во Соединетите Американски Држави (Федералните резерви, или ФЕД) исчезнале околу 24 000 златни плочки во вредност која надминува преку десет милијарди евра.
Не станувало збор за кражба, туку вообичаена пракса.
Тоа било дел од германското злато кое Германската централна банка го чувала во Њујорк до завршувањето на Втората светска војна. Нешто слично како и многу други држави. Во неколку етапи, Германија успеала да врати 300 тони од своето злато.
И покрај тоа што за ваквиот настан јавноста требала да биде запознаена, сепак, оваа приказна за враќањето на златните плочки во Германија, банките и денеска молчат и вистинската приказна ја чуваат во строга тајност. Од тогаш теоретичарите на заговор се сомневаат дека на ова место, 60 метри под американскиот берзански кварт, се крие најголемиот магацин за злато во светот. 500 000 златни плочки во вредност од 260 000 милијарди долари. Тие се убедени дека е во прашање претстава за јавноста.
„Од осумтемина вработени, никој со сигурност не може да тврди дека златото се наоѓа таму“, изјавил аналитичарот Ронан Менли, истакнувајќи дека Федералните резерви, откако постојат, никогаш не доставиле докази за постоењето на трезорот.
Многу посетители имало можност да ги видат златните плочки во бункерот, но истите безбедно се оддалечени.
„Што доколку станува збор само за копии“, скептични се критичарите.
Германските новинари го посетиле трезорот во Либерти стрит со надеж дека ќе дознаат нешто повеќе. Сомнежите стигнуваат и од самата логистика, како 300 тони злато може да се префрлат од Њујорк за Франкфурт?
Претставничка од Федералните резерви, која сакала да остане анонимна, побарала од новинарите да не користат телефони и да не прават скици.
Дозволила само да се направат белешки. Но на поставените прашања не била во состојба да дава одговор.
„Тврдината од Сојузните резерви во Њујорк опфаќа цел блок. Има 19 катови, од кои пет се под земја. Најдлабоката просторија до која се стигнува со тесен лифт личи на атомско засолниште. Темелите се 15 метри под нивото на морето. Кога на 11 септември 2001 година се срушил Светскиот трговски центар, кој се наоѓал три улици подоле, на ова место ништо не се почувствувало, објаснила таа.
Ѕидовите биле дебели околу еден метар, вратата од трезорот е висока речиси три метри. Имаат челична рамка од 140 тони и цилиндар од 90 тони. Вратите автоматски херметички се затвораат, така што личноста која ќе остане внатре има доволно кислород да преживее 72 часа.
Трезорот личи на затвор: 122 ќелии се означени со редни броеви, од кои секоја има катанец, две шифрирани брави и печат. Повеќето се празни, освен првата, која го носи бројот 86. Тука се чуваат плочките за прикажување, кои според податоците на ФЕД, ги има 5160.
На прашањето чии се плочките, таа немала коментар, но новинарите дознале дека најстарата плочка е направена во 1914 година и дека во интерната болница на Сојузните резерви згрижени биле сите повредени по нападот на 11 септември.
Дваесет и осум влади го користат трезорот за чување на златото, но германската централна банка во 2013 година објавила дека вкупно 70 проценти од нејзиното злато го чува во странство, во Париз и во Њујорк.
Делумно враќањето траело со години и завршено било во 2016 година, нешто што Бундесбанката во Франкфурт го потврдила дури во август минатата година. Златото е вратено во Франкфурт, а потоа дел од количината е претопено во Швајцарија. Во Њујорк наводно останале 1236 тони.
Повеќето клиенти на ФЕД остануваат анонимни, баш како и потеклото на парите. Сојузните сили во 1943 година го префрлиле златото од окупираната Европа во Аргентина, во вредност од 61 милион долари.
Подоцна стопиле стотини плочки злато кои ги украле од нацистите, а на кои биле изгравирани кукасти крстови. Наводно не знаеле дека тоа злато им припаѓало на Евреите.