Италијанската актерка Моника Белучи за прв пат во јавноста го покажа својот нов дечко. Белучи на Модната недела во Париз се појавила во друштво на Николас Лефебр, млад уметник и сценограф.
Николас Лефебр кој работел како поранешен француски модел е 18 години помлад од Белучи, а актерката зборувала дека е во врска уште во пролетта 2017 година, но не сакала да го открие неговото име.
Ова е прв пат јавноста да ја види Моника Белучи заедно со нејзиното ново момче, откако актерката се разведе од Винсент Касел во 2013 година. Познатата двојка беа заедно 14 години брак, а имаат и две ќерки.
Белучи во тој период изјави дека разделбата со Винсент и паднала тешка во животот.
Текстот (Фото) Моника Белучи го покажа своето ново момче е превземен од Reporter.mk.