(Фото) Моника Белучи го покажа своето ново момче

Италијанската актерка Моника Белучи за прв пат во јавноста го покажа својот нов дечко. Белучи на Модната недела во Париз се појавила во друштво на Николас Лефебр, млад уметник и сценограф.

Николас Лефебр кој работел како поранешен француски модел е 18 години помлад од Белучи, а актерката зборувала дека е во врска уште во пролетта 2017 година, но не сакала да го открие неговото име.

Ова е прв пат јавноста да ја види Моника Белучи заедно со нејзиното ново момче, откако актерката се разведе од Винсент Касел во 2013 година. Познатата двојка беа заедно 14 години брак, а имаат и две ќерки.

Белучи во тој период изјави дека разделбата со Винсент и паднала тешка во животот.

 

Текстот (Фото) Моника Белучи го покажа своето ново момче е превземен од Reporter.mk.