Околу 10.000 посетители денес ги пречекаа слониците Дуња и Даела во Зоолошката градина Скопје. Тие се први слонови во зоолошката по 16 години. Слониците добија и ново, модерно живеалиште.
„Според првите податоци, во Зоолошката имаше околу 10.000 луѓе кои дојдоа да ги видат слониците. Очекуваме до вечер Зоолошка да ја посетат до 15.000 луѓе“, рече Тина Мицковска, пиар на зоолошката за „Репортер“.
Таа откри дека досегашниот рекорд на скопската зоолошка се 6.000 луѓе во еден ден.
„Организиравме забава за децата со ‘Пет плус бенд’ и со хорот на ‘Златно славејче’. Но, луѓето беа нестрпливи да ги видат слониците. Мило ни е што еден ваков настан предизвика навистина големо внимание. Денеска тие се вистинска атракција“, додаде таа.
Прва слоница жителка на Скопје Зоо била Цица, која во Скопје живеела од 1963 до 1970 година. Втората слоница која живеела во скопската Зоолошка е Анка, која починала во 1992 година.
(А.Ј)
Текстот 10.000 луѓе ги пречекаа Дуња и Даела е превземен од Reporter.mk.