13-годишната ќерка на Коби Брајант загина во несреќата со нејзиниот татко

Најстарата ќерка на Коби Брајант, Џиана (13), загина заедно со нејзиниот татко во хеликоптерската несреќа, потврдија извори блиски до семејството. Тие демантрираат дека во хеликоптерот што се урна биле и останатите три ќерки на некогашниот кошаркар на „ЛА Лејкерс“. Со нив не бил ни Рик Фокс, поранешниот соиграч на Коби.

Според информациите, Џиана и Коби тргнале на редовен тренинг во кошаркарската академија „Мамба“, која е во сопственост на НБА легендата.

За потсетување, приватниот хеликоптер во кој летал 41-годишниот Брајант се урна во предградие на Лос Анџелес. Освен кошаркарот и неговата ќерка, во хеликоптерот имало уште три лица. Преживеани нема. Причините за уривањето за сега не се познати.

Текстот 13-годишната ќерка на Коби Брајант загина во несреќата со нејзиниот татко е превземен од Reporter.mk.