7 јуни е совршен ден за венчавки – нумерологот Мими за мистиката на совршениот број

Според нумерологот Мими Силјанивска-Главиновска, 07.07.2019 е одличен ден за венчавки. Годинава се паѓа во недела. Таа за Репортер објаснува дека Бројот 7 означува „совршена љубов“ и дека таквата љубов или брак подразбира меѓусбено почитување, без посесивност и љубомора.

„Бројот 7 е добиен од збирот на овој датум и е сведен до едноцифрен број. Бројот седум значи и број на бесконечност. Еве и Галичката свадба почнува на 13.07.2019 година. Повторно седмица што има позитивно значење”, раскажува Мими.

Таа додава и дека бројот седум освен во љубовта има и вулканска енергија.

„Никогаш не се знае кога ќе избувне“, вели Мими и објаснува дека таков е примерот со силната ерупција на вулкан во Италија која се случи деновиве на островот Стромболи.

Мими објаснува дека бројот седум ја означува и гоелемата вода.

„Бројот 7 напишан водорамно ја означува и бесконечноста. Нумерологијата, јазикот на броевите, говори повеќе за броевите како симболи“ вели Мими и додава: „Мистериозен е бројот седум. Нумерологијата е и демистификација на симболиката. Останува вие да решите колку ќе верувате.

Текстот 7 јуни е совршен ден за венчавки – нумерологот Мими за мистиката на совршениот број е превземен од Reporter.mk.