Ајде на журка со Пол Ван Дајк: Вклучете ги компјутерите

Поради безбедносните мерки кои се преземаат за заштита од коронавирусот, забрането е собирање во големи групи и се препорачува луѓето да се изолираат во домовите. Поради оваа причина, светски познатиот диџеј Пол Ван Дајк објави соопштение до сите негови обожаватели, преку кое ги извести дека во недела вечер, организира забава, која ќе може да ја проследат во живо од нивните домови.

„Да, знаеме дека ова се предзвикувачки времиња за сите нас.

Но, да донесеме неколку позитивни вибрации и да го поткренеме духот со она што најмногу го сакаме и го правиме најдобро. Музиката е наше прибежиште и ние сакаме да ја споделуваме со нашите пријатели, танцувајќи во клубовите низ светот.

Коронавирусот можеби нè заглави дома, но тоа не значи дека не можеме да славиме заедно.

Затоа продуцентот Крис Бекер и јас решивме да придонесеме на необичен начин: да ви го донесеме ноќниот клуб на вашите компјутери во живо од берлински клуб без публика, во недела во 7 попладне, а истиот ќе можете да го отворите на Фејсбук и Јутјуб.

Бидете дел од тоа!

Испратете барање за песна до штандот со диџејот и комуницирајте со нас преку Интернет. Ширете го зборот, а не вирусот и бидете со нас на забавата безбедно од вашите домови.“

 

 

 

Текстот Ајде на журка со Пол Ван Дајк: Вклучете ги компјутерите е превземен од Reporter.mk.