Ако Србија го победи Бразил, ќе трчам гола

Српската пејачка Јелена Карлеуша, сопруга на српскиот фудбалски репрезентативец Душко Тошиќ, на социјалните мрежи напиша дека доколку Србија вечерва го победи Бразил, натпревар кој се игра вечерва на Мундијалот во Русија, таа ќе трча гола.

„Малку е познато дека не одлетав во Москва бидејќи веќе не можам да го поднесам стресот. Ако го победиме Бразил, ќе се соблечам гола и ќе трчам до Русија“ -рекла пејачката.