Актерот Бен Афлек пак се скара со Линдзи

Актерот Бен Афлек и неговата девојка, продуцентот Линдзи Шукус, повторно се скараа и тоа два месеци по продолжувањето на нивната врска, објавија „Контактмјузик“

Педесет и шестгодишниот Афлек и 38-годишниоата Линдзи Шукус се разделија во август минатата година, непосредно пред актерот повторно да влезе во клиника за да се лекува од алкохолизам, потсетува изданието, потоа пак се смирија.

Сега неименувани извори, цитирани од списанието „Пипл“, откриваат дека иако шансата, која повторно си ја дале, Бен Афлек и Линдзи Шукус сфатиле дека работите меѓу нив нема да се подобрат и решиле да се разделат. Проблем е далечината меѓу нив.

„Линдзи има дете, поранешен сопруг и работа во Њујорк, а семејството и работата на Бен се во Лос Анџелес. Иако се сакаат и почитуваат, тие сфатија дека работите меѓу нив нема да излезат. Сепак Бен и Линдзи ќе ја сочуваат засекогаш љубовта еден кон друг“, откриваат извори.

Текстот Актерот Бен Афлек пак се скара со Линдзи е превземен од Reporter.mk.