Актерот Мет Смит открива кој е најомилениот лик во кралското семејство

Актерот Мет Смит кој го глуми принцот Филип во серијата The Crown открива дека токму сопругот на кралицата Елизабета II е најомилениот лик во кралското семејство.

Смит дошол до заклучок дека Филип е неверојатно смешен и многу паметен. Голем дел од симпатиите ги крадат и принцот Вилијам со сопругата Кејт Мидлтон и нивните три деца. Исто така во последно време најмногу симпатии постојат меѓу војвотката Меган Маркл и принцот Хари. Но, од сите нив, за кралскиот персонал и луѓето кои минуваат најмногу време со кралското семејство, најдраг им е принцот Филип.

Мет Смит во разговор за магазинот Variety открива дека поради својата улога во „Нетфликс“ серијата, тој го проучувал Филип и дошол до заклучок дека е омилен меѓу кралското семејство и персонал.

„Принцот Филип е оној кој сите го сакаат. За разлика од остантите членови во кралското семејство, тој остава впечаток на човек кој доаѓа од народот“, вели Мет додавајќи дека секој кој ќе разговара со некој од членовите во кралското семејство брзо ќе свати дека сите најмногу го сакаат Филип.

Смит вели дека кралскиот протокол по кој сите се држат во палатата, кон принцот Филип е малце полабав за разлика од останатите од кралското семејство.

„Целиот живот Филип бил бунтовен па поради тоа сите кон него во палатата при обраќањето во целост го почитуваат кралскиот протокол“, вели Мет кој за принцот Филип мисли дека е многу симпатичен, опуштен и отворен кон целиот персонал.

Мет Смит го глуми војводата од Единбург во првите две сезони во серијата The Crown, а неговата сопруга кралицата Елизабет II ја глуми актерката Клер Фој.

Текстот Актерот Мет Смит открива кој е најомилениот лик во кралското семејство е превземен од Reporter.mk.