Ал Пачино има нова девојка

Легендарниот 78-годишен актер е во врска со 39-годишна израелска актерка и пејачка Меитал Дохан. Ал Пачино и актерката, позната по американската комична серија Weeds, за првпат се видени заедно во еден ресторан во Лос Анџелес, а од тогаш тие интензивно го поминуваат времето во заедничко друштво.

„Тие се гледаат во последните неколку месеци и навистина изгледаат среќно“, вели изворот близок до актерот за Page Six, кој додава дека тие веќе и на настани се појавуваат како двојка.

Текстот Ал Пачино има нова девојка е превземен од Reporter.mk.