Ал Пачино конечно е кралот Лир

Холивудскиот актер Ал Пачино е новиот крал Лир од Шекспировата трагедија. Станува збор за нова филмска адаптација на „Кралот Лир“. во режија на Мајкл Радфорд. Ал Пачино (78) стана светски познат по улогата на Мајкл Корлеоне во трилогијата „Кум“.

Мајкл Радфорд пак беше номиниран за Оскар за филмот „Поштарот“. Продуцент на новиот филм ќе биде Бери Навиди. Двајцата работеа заедно и на друг филм адаптиран според Шекспирова драма – „Венецијанскиот трговец“ (2004), кој доби позитивни критики. На Пачино тогаш му беше доверена улогата на Шејлок.

„Кралот Лир“ е филм во кој секој би сакал да учествува. Ал Пачино одамна ја разгледува можноста да влезе во улога на кралот Лир. Има значајна разлика меѓу ликот на Шејлок, кој се појавува само во пет сцени во „Венецијанскиот трговец“, и оној на кралот Лир, кој ќе биде во речиси секоја сцена од новиот филм“ – изјави Радфорд за весникот „Опсервер“.

Снимањето треба да започне следната есен. Филмот ќе биде снимен во Велика Британија.

Текстот Ал Пачино конечно е кралот Лир е превземен од Reporter.mk.