Aл Пачино во филмот „Ловци“, пуштен првиот трејлер

Само неколку недели по објавата на нов филм The Irishman (Ирецот), во режија на Мартин Скорсезе, во кој Пачино глуми заедно со Роберт де Ниро, објавен е новиот проект на 79-годишната актерска легенда.

Веќе е пуштен првиот трејлер за серијалот на Џордан Пил. Во него е ликот кој го игра Пачино – Мејер Оферман – и тој собира тим луѓе со задача да пронајдат нацисти за да им се суди.

Оферман е лидер на тимот и е опишан како „моќен и таинствен човек“.

Во монологот прикажан на трејлерот Пачино вели: „Доаѓа време кога сите треба да избереме помеѓу светлината и темнината. Но, кога има голем мрак во овој свет, можеби изборот е направен за нас“.

„Знаете дека милиони луѓе како нас се деградирани и истребени, но не повеќе. Има зло меѓу нас и мора да се запамети дека ова зло почнува како точка во нив. Потоа прераснува во дамка, тогаш станува камшик“, Пачино вели на видеоклипот.

Филмот говори за ловци на нацисти кои живеат во Њујорк. Групата открива стотина високи нацистички функционери кои живеат во САД и разговараат за создавање на Четврти рајх.

Текстот Aл Пачино во филмот „Ловци“, пуштен првиот трејлер е превземен од Reporter.mk.