Алачки се пофали дека ќерка ѝ издржа 4 години во брак

Македонската фолк-пејачка и водителка на емисијата „Вкусот на традицијата“, Адријана Алачки, преку „Фејсбук„ се пофали дека нејзината ќерка слави годишнина од брак. Таа објави фотографија од свадбата на Грациела.

„Денот кога пред 4 години рекоа да. Ви посакувам драги мои деца да ви царува љубовта и да ви трае муабетот. Да ви се нижат годините полни со среќа заедно со Јана и со уште многу како неа“, напиша Алачки покрај фотографијата од свадбата.

Честитки доби од многу пријатели, кои исто како и Алачки, на двојката ѝ посакаа уште деца и многу години поминати заедно.

Адријана Алачки на своите социјални мрежи често споделува приватни фотографии, но најчесто тоа се слики со внуката Јана, за која вели дека е нејзина наследничка.