Александра Јанева отпеа песна од Алиша Кис

Синоќа на социјалните мрежи поп-пејачката Александра Јанева го објави третото видео. Овој пат станува збор за преработка на емотивната Us на гитаристот и автор James Bay.

Во мај 2018, за време на шоуто The Voice James Bay ја изведе песната заедно со Alicia Keys.

„Омилени предизвици ми се преработки на светски хитови отпеани од толку инспиративни артисти како James Bay и Alicia Keys. А кога Љупче е совршениот James Bay, нема поголемо задоволство од тоа да ја играм улогата на Alicia Keys“, вели Александра Јанева.

Aранжманот е на Тино Стојановски, кој ги свири и гитарите, Синиша Зукиќ е на кахон, а Љупче Стојановски ја придружува Александра како вокал.

Во првиот месец од обработките на македонските хитови „Херој“ и „Километри“ овој летен проект доби 50.000 прегледи.

Текстот Александра Јанева отпеа песна од Алиша Кис е превземен од Reporter.mk.