Александра Пријовиќ е бремена

Српката пејачка Александра Пријовиќ е бремена. Пејачката е во вториот месец од бременоста, а таа и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ се пресреќни, пишуваат српските медиуми. Александра и Филип се венчаа на 21 јуни, а пред три недели дознале за бременоста. Веста ја криеле и од најблиските, па кога новинарите го побарале Боба за коментар им рекол дека не знае ништо.

„Воопшто не сум известен за тоа. Ја немам таа информација. Еве штотуку дознав и тоа од вас“, одговорил Боба.

Но, Брена ја потврдила веста за „Блиц“.

„Сите сме многу среќни“, им рекла таа.

Александра уште пред свадбата изјави дека едвај чека со сопругот да станат родители.

Текстот Александра Пријовиќ е бремена е превземен од Reporter.mk.