Ален Исламовиќ станува политичар

Пејачот Ален Исламовиќ му се придружи на првиот градоначалник на Бихаќ, Емџад Галијашевиќ во неговата партија „Нова иницијатива“ и најави дека влегува во политиката. Некогашниот пејач на „Бијело дугме“ е уверен дека со својот ангажман ќе помогне да се реши најголемиот проблем на неговиот роден град – мигрантите.

„Немам ништо против тие луѓе, жал ми е за нив, но мораат да ги почитуваат обичаите на градот во кои дошле. Наместо тоа жителите мора да ги чуваат своите станови и куќи бидејќи тие се ‘ноќни кралеви’. Тие владеат, а народот на Бихаќ мора да се вооружен. Нашите политичари не работат ништо, наместо да ги заштитат граѓаните, внесоа неизвесност и страв во Бихаќ“, изјави Исламовиќ.

Тој додаде и дека жителите на овој град се три и пол години во изолација и дека се криејат од мигрантите.

Текстот Ален Исламовиќ станува политичар е превземен од Reporter.mk.