Американски глумец најден мртов во контејнер во Лос Анџелес

Американскиот глумец Кристофер Денис е пронајден мртов во контејнер во Сан Фернандо, место во близина на Лос Анџелес, пишува американскиот магазин TMZ.  Кристофер повеќе од дваесет години работел како уличен забавувач. Тој ги забавувал минувачите на познатата Патека на славните во Холивуд, во костим на Супермен. Многумина го сметале за легенда во Холивуд и еден од заштитните знаци на познатата патека.

Денис своевремено бил еден од главните учесници на документарниот филм „Исповедите на суперхероите“. Престанал со работа откако бил нападнат и ограбен. Се здобил со тешки повреди и не бил во состојба да игра на улица. Американските медиуми пишуваат дека во изминатите неколку години останал без дом и дека живеел на улица, а неодамна бил пронајден мртов во контејнер за собирање облека за бездомници.

 

Текстот Американски глумец најден мртов во контејнер во Лос Анџелес е превземен од Reporter.mk.