Ана Николиќ тагува два дена по роденденот на ќерка си  

Само два дена откако пејачката Ана Николиќ го прослави роденденот на својата ќерка Тара,  поради смртен случај во семејството морала да ги откаже своите настапи.

Починала бабата на пејачката, која всушност ѝ била најголемата поддршка во кариерата и во љубовта. „Мојата душа отиде вечерва. И како да чекаше да заврши сè, да го прославиме роденденот и крштевката на Тара, а потоа да ги затвори очите! Сега е на подобро место. Ти знаеш дека во моето срце си моја душа засекогаш. Те сакам бабо“, напиша пејачката на својот инстаграм-профил и сподели нивна заедничка фотографија.

Текстот Ана Николиќ тагува два дена по роденденот на ќерка си   е превземен од Reporter.mk.