Ана Севиќ ги запозна своите идни свекор и свекрва

По разводот со српскиот пејач Дарко Лазиќ, Ана Севиќ пронајде нова љубов. Станува збор за бизнисменот Даниел Недељковиќ. Пејачката на почетокот на врската немала желба да го открие својот нов партнер во јавноста, но како минува времето, таа станува сè посреќна, вели нејзин близок пријател.

„Ана во моментов е во Будва каде што живеат родителите на Даниел. Негова желба беше да се запознаат. Иако Ана на почетокот беше малку скептична околу целата работа, сепак, на крајот ги запозна своите идни свекор и свекрва. Средбата се случи во ресторан во Будва, каде што Ана им откри неколку анегдоти од запознавањето со Даниел и им раскажа што им се случило на почетокот на врската. Потоа дозна за приказната на неговите родители“, вели изворот, кој додава дека Ана Севиќ има многу причини да биде среќна, а една од нив е тоа што ги запознала родителите на својот нов дечко.

 

 

Текстот Ана Севиќ ги запозна своите идни свекор и свекрва е превземен од Reporter.mk.