Анастасија Аврамовска и годинава на „Мак фест“

Македонската пејачка Анастасија Аврамовска најави дека подготвува две нови песни со кои годинава ќе настапи на „Охрид фест“ и „Мак фест“.

Анастасија минатата година дебитираше на сцената на „Мак фест“, каде завшри на 4-то место. Песната „Ме научи да бидам своја“, од Иле Спасев стана една од најслушаните хитови. Младата пејчака вели дека музиката е тоа со кое најмногу сака да се занимава во животот. Музиката и песните се нешто што ја исполнуваат.

 

„Од минатата година, уште со настапот на „Охрид фест“, а потоа и на „Мак Фест“ и успехот кој го имав со песната од овој фестивал, која и ден денес се врти по радиостаниците, почнав да го живеам мојот сон. Музиката е она што најмногу го сакам и затоа од срце им благодарам на сите кои ми ја дадоа најголемата поддршка. Следен предизвик ми се фестивалите „Охрид фест“ и „Мак фест“каде повторно настапувам оваа година, вели Анастасија.

Текстот Анастасија Аврамовска и годинава на „Мак фест“ е превземен од Reporter.mk.