Анџелина Џоли прави детска програма за „Би-би-си“

Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли почна да работи на нов проект – детска програма на „Би-би-си“, пренесува „Контакт мјузик“. 44-годишната актерка и режисерка, смета дека следната генерација треба да биде подготвена да се справи со глобалните проблеми, но не сака да ги едуцира само своите деца за нив.

„Јас работам на програма за деца со ‘Би-би-си’. Ние се потпираме на нашите деца, затоа треба да им го дадеме вистинското знаење и поддршка. Направивме многу грешки – мора да бидеме искрени и да ги едуцираме за светот“, рекла Џоли.

Таа раскажала дека нејзините деца ги учи на љубезност, и кон другите и кон самите себе.

„Важно е да бидете скромни – да ги знаете слободите со кои сте благословени и да бидете сигурни дека им помагате на другите. И секогаш знајте го вашето место – ние сме човечки суштества и имаме многу недостатоци. Ние сме мали честички од многу поголем свет. Како што стареам, сфатив дека моите деца се силни индивидуалисти, но со отворен ум кон светот. Се обидувам да им дадам пример за нив и да бидам љубезна и милостива – начинот на кој беше и мојата мајка – да сакам и толерирам. Но, кога има битка што треба да се води, јас се фрлам во битка. Треба да ја подготвиме следната генерација затоа што толку многу работи се случуваат низ целиот свет, кои треба да се
решат“, додала актерката.

Анџелина исто така пишува книга за деца, заедно со „Амнести Интернешнл“, во која ги објаснува
нивните права.

Текстот Анџелина Џоли прави детска програма за „Би-би-си“ е превземен од Reporter.mk.