Анџелина Џоли влегува во политката

Холивудската актерка Анџелина Џоли вели дека размислува во блиска иднина да влезе во политиката. Џоли во интервју за Би-би-си изјавила дека ваквата идеја ја отфрлила пред 20 години, но сега политиката ја смета за место каде што таа е потребна ѝ може да направи многу позитивни промени.

Џоли сега работи како специјален претставник на Агенцијата на Обединетите нации за бегалците и активно ја води кампањата што опфаќа цела низа прашања, вклучувајќи ги и бегалците и сексуалното насилство.

Актерката одговори на прашањето на новинарите за тоа дали планира да се кандидира за претседател на САД на некои од престојните избори.

„Да ме прашавте вакво нешто пред 20 години, само ќе ви се насмеев. Јас секогаш велам дека ќе одам таму каде што сум потребна. Во овие моменти се сомневам за моите способности во светот на политиката. Но, мислам дека сум во можност да работам со странски влади, а исто така сум во можност да командувам со војските. Така што сега седам на многу интересно место од каде што можам да променам многу работи“, изјавила Џоли.

Џоли пред новинарите додаде дека не сака премногу да открива за нејзиното преоѓање во политиката, а само се заблагодарила на нивните коментари дека може да се најде на некоја листа од 30 до 40 демократи што ќе се кандидираат за претседателската номинација.

Текстот Анџелина Џоли влегува во политката е превземен од Reporter.mk.