Анистон меѓу двајца

Само неколку месеци откако се разведе со Џастин Теро, холивудската ѕвезда Џенифер Анистон веќе има двајца додворувачи, откриваат анонимни извори за „Ас Викли“.

Имињата не се откриваат, но списанието објавува дека едниот од нив е милијардер од интернет сферата, додека другиот е колега од филмската индустрија.

Анистон и Теро се разделија во февруари годинава по две и пол години брак.