Антониа и Панчо во приватна вила

Поп-пејачката Антониа Гиговска денес го промовираше видеото за новата песна „Ванила“. Песната, чии автори се Лазар и Магдалена Цветкоски, е соработка со Панчо од дуото „ДНК“. Видеото се снимаше во приватна вила во Скопје, а освен Антониа и Панчо, се појавуваат и девојки од „Бетрикс“.

„Спотот е снимен пред неколку недели, но долго се работеше на него бидејќи сакавме се да изгледа совршено. Благодарна сум му премногу на режисерот Даниел Јовески, кој направи прекрасен спот. Исто така морам да му се заблагодарам и на Панчо што ја прифати понудата да ми биде гостин во оваа песна“, рече Гиговска.

Публиката ја запозна Антониа пред три години кога пееше во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“. Таа победи на македонското „Кастинг талент шоу“ со што ја доби главната улога во мјузиклот „Тајно моја“. Годинава беше еден од придружните вокали на „Ај кју“ на Евровизија во Лисабон.