Антонија Гиговска победник на „Макфест“

Антонија Гиговска е победник на „Макфест“, вчеравечер во финалето во Домот на културата „Ацо Шопов“. Со освоени 30 гласови Гиговска со нумерата „Никогаш не вели никогаш“ имаше најдобра песна на фестивалот на забвани мелодии.

Втората награда ја освои Роберт Билбилов кој ја отпеа песната „Чудни места“, додека на третата позиција се пласираше Дани Димитровска со нумерата „Време“.

Наградата за најдобар дебитант на фестивалот „Душан Љубисављевиќ – Дуле“ оди во рацете на младата Мина Блажев со нумерата „Во други души“.

Текстот Антонија Гиговска победник на „Макфест“ е превземен од Reporter.mk.