Арета Френклин, од разорен дом и татко блудник до светска слава

Toм Ленард, дописникот на „Дејли мејл” од Њујорк, ја раскажа приказната за кралица на соулот – од разорен дом и татко свештеник швалер преку бременост на 13-годишна возраст до светска слава – и животна борба со алкохолот и демоните од минатото.

Арета Френклин почина од рак на панкреасот, болест која и беше дијагностицирана во 2010 година. Со денови пред тоа таа беше во еден дом за тешко болни. Иако нејзиното здравје беше нарушено од повеќегодишно консумирање алкохол, цигари и храна, дури минатата година таа го најави своето повлекување од музиката.

Арета со децении беше и остана икона на Афроамериканците. Таа ја пееше „Precious Lord” на погребот на Мартин Лутер Кинг во 1968 година и настапи на инаугурацијата на Барак Обама повеќе од 40 години подоцна, во 2009 година. Кога таа му пееше на претседателот уште еднаш, шест години подоцна, го снимија како ги брише солзите пред таа да го заврши првиот стих, според „Дејли мејл”.

Дете од растурен дом, ќерка на свештеник швалер кој својата служба ја претвори во оргии, забремени на 13-годишна возраст, а на 15. веќе има две деца од два различни мажи. Поголемиот дел од својот живот се бореше со алкохолизам.

Поради недостаток на доверба често беше невозможна дива – се расправаше љубоморно со ѕвездите, имаше напди на бес со семејството и колегите.

Сето време порекнувајќи дека има лични и проблеми со однесувањето, Арета даваше сè од себе за да го сокрие приватниот живот од јавноста. Но, сè излезе на виделина во неавторизираната биографија во 2014 година, чиј автор, Дејвид Риц, беше решен да ја открие нејзината „вистинска” приказна, по официјалната „стерилна” верзија објавена 15 години порано која пејачката ја одобри.

Текстот Арета Френклин, од разорен дом и татко блудник до светска слава е превземен од Reporter.mk.