Арета Френклин постхумно наградена со Пулицерова награда

Кралицата на соул-музиката Арета Френклин, која почина во август 2018 година, е прогласена за добитничка на Пулицерова награда за својот петдецениски придонес во американската музика и култура.

Арета Франклин почина од рак на панкреасот минатиот август на 76-годишна возраст. Во текот на својата кариера освоила 18 награди Греми“ и стана првата жена која е примена во рокенрол „Куќата на славните“.

Франклин има продадено повеќе од 75 милиони албуми. Имала 77 песни кои се нашле на листата на Билборд „Hot 100“ и 20 песни кои го освоиле првото место на ритам и блуз-листите.

Арета Френклин е првата пејачка на која ѝ е доделено ова високо признание. Претходни добитници на Пулицерова награда од областа на музиката и културата биле џез-легендата Џон Колтрејн, Скот Џоплин и нобеловецот Боб Дилан.

Магазинот Rolling Stone ја прогласи Франклин за најдобра пејачка на сите времиња, благодарение на песните Respect, Chain Of Fools и Like a Natural Woman.

Пулицеровите награди за најголем придонес во новинарството и уметноста вчера беа доделени на Универзитетот Колумбија во Њујорк, а меѓу лауреатите се новинските агенции „Асоишиејтед прес“ и „Ројтерс“, како и новинари од весниците „Њујорк тајмс“ и „Лос Анџелес тајмс“.

Текстот Арета Френклин постхумно наградена со Пулицерова награда е превземен од Reporter.mk.