Од 6 до 8 јули во Дојран ќе се одржи осмото издание на „Д Фестивал“. На четирите сцени во Дојран ќе настапат македонската група „Архангел“, популарниот диџеј Пол Ван Дајк и амстердамскиот бенд „Мај бејби“, Дуке Бојаџиев, Конкеринг лајон и уште педесетина други изведувачи.
Во посебно уредени зони на кампот се очекува да се сместат од 8 000 до 10 000 посетители. Организаторот „Пасворд продукција“ и покровителот Општина Дојран, освен музичките настапи планираат да се одржат и панел-дикусии, предавања, филмски проекции, работилници, мултимедиумски презентации.
Според градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, викендов во Дојран очекува да дојдат до 30 000 луѓе.
Билетите за „Д фестивал“ можат да се купат и пред самиот фестивал. Еднодневниот билет чини 350 денари. Тридневниот билет промотивно до петок вечер (6 јули) ќе чини 600 денари, а потоа цената ќе се зголеми на 800 денари, односно 650/850 денари со кампување.